Пишува: Гоце ДЕЛЧЕВ
Здравејте мили калпазани! Морам да ви признаам дека сум многу лут шо морам да ви писам в недела, наместо да перам завесите в к’шта ми. Каков е тои безобразлук од вас?
Но, разбрах дека таа вашта Комисија којато расправа за мене, сте ја крстиле като „Комисија од Република Северна Македонија“. Не македонска, ами од Северна Македонија. Така ви било наредено ус Преспанскио договор!
Вие разбирате ли какви сте? Мерси, калпазани за таа глупоштија, а мерси и за мене за воа глуп впрос. Оти вие да разбирахте, немаше да потписете тоа грцкио договор. Ами, ак тие се од Северна, какво имат да расправат за мене од Кукуш, од Јужна Македониа. И чујам, оште не сте го исфрлиле од прозорецо тоа вашио президент шо кажува дека с’м бил Блгарин. Ас стварно не ве разбирам – какво искате тогава од мен? Видел сум будали’ човеци, ама като вас, е това не сум го видел.
Е, оште казвате дека в записниците ште стојало истото какво се казвали тие од Комисијата. Е, мерси бе човеци. Ми това е дума, запазена е както е казвана. Ама какво ште е заклучоко, е това е друго нешто. А каков ви е акло, ас отсега го знам заклучоко за мене. Само да не забравите, питам ве – од дека вие си земате’ правото да расправате за мен? Од дека вие сте си зеле правото да расправате за мен на зелена маса? А? Питах ве уф првото писмо – до толко ли сте т’пи?
На зелена маса стават се карти за играње, стават се пари’, ама да ставаш човеци – нормални’ ли сте вие?
Какво и да е, сеа излева дека ас с’м Блгарин, ревоуционер които се борил за слободата’ на Северна Македонија. Е, испадна в Скопие да ме закопате, ама това ви е доста. Арно не посаках в Солун да бидам закопан, коските немаше да ми се знаат сеа. А, какви сте, и сеа се чудам оти оште не сте ми ги продаделе коските за лира или две, на пример на тоа од Белгиа шо си играе с мачки, шо ви кажува’ дека сте глупав народ, а вие го гостите. Или на некои амбасадор.
Е, сеа, да ви кажам дума или две за македонскиот ј’зик. Потпишале сте като тоа мрсникот од мојо град, Делчево, дека македонскио ј’зик е ј’зик според Уставо на таа ваша Северна. Слушајте ме мрсници, ас с’м говорил македонски ј’зик, башта ми’ е говорил македонски, маика ми е говорила македонски. Никои не е говорил ј’азик според Уставо на ваа или таа држава. Верно, учил с’м в блгарско школо, имам и понекоја блгарска дума, като шо вие имате по некоја србска, ами само затова шо немаше македонско школо. Грцко не саках да видам, в турско не саках да одам, а да ставам р’ка на срцето като тоа вашио Заев, и тие не ме милуваха. И, тогава, дека да одам? В кое школо? А?
Ама, ј‘зико винаги е бил македонски, поне воа „винаги“ е на блгарски. Ама терам си мајтапо ус вас, като Пејо ус Мариовците когато им беше казал да скокнат в провалијата оти маглата била в’лна. И глупавите Маровци рипнале. Така, и вие. До там сте стигнале!
За краи на воа кусо писмо, да заклучам: Ас не сум Блгарин които се е борил за Северна Македониа. Ас с’м Македонец, од Македониа, од Кукуш които вие го продадете на Грците. Ајт сеа, одам да се напијам една ракиа, оти душта ми ја наполните ус с’клма. Тука дават такви работи само за исклучитени впроси, а воа е тамам од тие! Ех, бедни пезевенци мои!