Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час од среда, 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, а на денот на празнувањето на Велигден и Рамазан полициски час нема да има, дознава Дојче веле.
Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата. Ваквиот предлог, Комисијата треба да го достави до Владата, којашто треба да донесе одлука дали ќе се отворат летните тераси на кафулињата во пресрет на празниците.
Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи информираше дека „значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели“.
-Одредени одделенија се растоваруваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат. Апелирам за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот, вели Филипче.