Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар изрази незадоволство кон младите играчи во тимот по поразот од Рен во финалето на Купот на Франција.

– Во тимот има доволно млади играчи, кои не треба само да зборуваат, но и да ги слушаат постарите. Понекогаш кога поискусен играч ќе земе збор, тие почнуваат да приговараат. Тие дури можат да приговораат против тренерот. Со овој став, тимот нема да стигне далеку. Младите треба да ги почитуваат поискусните играчи. Го направив токму тоа кога ја почнав својата кариера, изјави Нејмар по дуелот.