Брачната двојка Бекам е позната по големата љубов.

Тие имаат четири деца и успешни кариери. Сепак, од пред неколку месеци се појавија гласини дека не е се идеално.

Двојката, наводно, не се согласува премногу добро, а креаторката Викторија Бекам одлучи целосно да ја избледи тетоважата посветена на нејзиниот сопруг, Дејвид.

Натписот на хебрејски: „Му припаѓам на мојот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене”, поранешната „Спајс грл“ порано гордо го истакнуваше на својот врат. Последната фотографија покажува дека  тетоважа толку избледела што едвај се гледа.

Во 2015 година, Викторија, наводно, започнала третман за ласерско отстранување на тетоважата, па јасно е зошто од неа останале само во бледи траги.