Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, сезоната 2021/22 ќе ја мине на Атлетико.

Според „Sport.es“, некои од каталонските играчи беа воодушевени кога слушнаа за заминувањето на 30-годишниот Французин, бидејќи никогаш не го сметаа напаѓачот за дел од тимот.

Атлетико го изнајми Гризман во последниот ден од преодниот рок. Ако Французинот одигра 50 проценти од натпреварите, тогаш Атлетико Мадрид автоматски ќе мора да го откупи играчот.

Да потсетиме, летото 2019 година, Барселона му плати на Атлетико 120 милиони евра за Гризман. За Каталонците тој настапи вкупно 102 натпревари, постигнувајќи 35 гола.