Насилниот упад и манифестираното физичко насилство, според моите информациите дел од лицата кои што упаднале имале и огнено оружје, дури и автоматско оружје, но тоа ќе го покаже истрагата бидејќи таму има очигледен доказен материјал. Имало и дополнително лица кои што биле надвор од објектот кои биле како логистицирање на напаѓачите, таму има и видео документација, рече Наќе Чулев во гостувањето во „10 минути“ на телевиза ТВ21 за упадот во М-НАВ неколу дена после нова година

Така што, додаде тој, случајот е многу чист од кривично правна гледна точка од обезбедување на материјални докази, затоа што е објект од критична инфраструктура, и како таков тој има највисок степен на обезбедување.

-За жал македонскиот парламент, односно владеачките партии го немаат донесено Закното за критична инфраструктура и како таков тој има највисок степен на обезбедување. За жал во Собранието се уште не е донесен Законот за критична инфраструктура, но сепак објектот на навигација и според македонски безбедносни стандарди и според меѓународни безбедносни стандарди е објект од критична инфраструктура, а тоа значи дека сите безбедносни процедури и сите протоколи треба да бидат од највисок степен. Значи објектот има како внатрешно, така и надворешно обезбедување, посебен влез и излез од објектот и видео надзори и така натаму. Се работи за скандал од меѓународни размери. Станува збор за институција која го обезбедува македонското небо, кое е дел од НАТО, ЕУ и е дел од Еуроконтрол. Затоа мора Обвинителството и судството да го расчистат овој случај под најитна постапка и да дадат пример да не се повтори случајот, изјави Чулев

Чулев посочи дека за овој слуичај реагираа и од Евроконтрол, реагираа и од Европската Унија, реагираа сите амбасади во земјата и НАТО, се работи за безбедност на државјани на други држави кои во тој момент летаа над македонското небо.