По вчерашната најава на првиот вицепремиер Артан Груби денеска во Собранието почна финалната релизација на носењето на Законот на игри на среќа, секако по третиот ден на расправата на Комисијата за европски прашања, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Закажана на само еден час пред да започне официјално и покрај тоа што има многумина пратеници кои што не се од главниот град.

Започна и рекордно заврши по само десет минути откако беше започната со работа таа комисија.

Три дена трае расправата на оваа комисија, а вкупно не се има работено повеќе од еден час што е спротивно на сите деловнички одредби и што претставува еклатантно кршење на собранискиот Деловник.

Со ова се ускратува можноста за јавна и собраниска расправа за да се скрие криминалот и скандалот кој што е содржан во овој закон.

Имено како што кажав да потсетам на три моменти кои што се многу спорни. Тоа е што со овој закон се дозволува мултиплицирање на лиценците каде што ќе можат безброј компании да отвараат безброј места каде што ќе може да се приредуваат игри на среќа, каде што се дозволува онлајн коцкање на веќе однапред познати компании и каде што Министерството за финансии ќе треба да дава потврда во кои простории ќе треба да се организираат игрите на среќа.

Скандалозното е што сите овие три инстанци ги врзува една политичка партија, а тоа е ДУИ.

Бегаат од расправа и за компромисно прифатливи амандмани од повеќе пратенички групи кои што би биле прифатени доколку би имале расправа и од пратениците кои што доаѓаат од мнозинството и од опозицијата.

Министерот за финансии кои што е предложен од ДУИ денеска го одби амандманот, а претседателот на комисијата ја прекина комисијата пред да можат пратениците да се изјаснат дали тој амандман е прифатлив или е неприфатлив.

Повторно како што кажувам, еклатантно и досега невидено прекршување на собранискиот Деловник.

Насилнички и противделовнички и историско невидено насилие, почитувани граѓани се случува во Собранието.

Боксовите од М-НАВ сега се заменети со прекршување на собранискиот Деловник и со самоволието во одлучувањето на работата на ова собраниско тело.

Она кое што треба граѓаните да го знаат е дека овој закон бил изгласан на седница на Влада со која што претседавал Артан Груби од ДУИ, предлагач е Министерството за финансии чии министер е исто така од ДУИ, треба да го донесе собраниската Комисија за европски прашања предводена од ДУИ и на крај треба да го имплементира Дежавната лотариј исто така раководена од кадар на ДУИ со што се случува целосна партизација на овој сектор.

Ние денеска како пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ испративме писмо до сите амбасади во Република Македонија со кое што побаравме амбасадорите одблиску да го следат носењето и импементирањето на овој закон и прекршувањето на сите деловнички норми.

Овој скандал не смее да помине незабележително и токму затоа го бараме целото внимание и од граѓаните, невладините организации, политичките партии и претставниците на странските држави за да видат како во Македонија е возможно Комисјата за европски прашања да биде параван за легализирање на криминал и злоупотреба.

Со овој начин на работа ДУИ го руинира угледот на Собранието на Република Македонија, угледот на Република Македонија и ја искривува перцепцијата која што граѓаните ја имаат за Европската Унија злоупотребувајќи ја Комисијата за европски прашања знаменцето кое што е ставено на овој закон со цел деловнички побрзо да се протурка.

Ова е невиден скандал и невиден срам и ги повикуваме сите да реагираат за ваквото насилие веднаш да престане.