На тренерот на Милан, Стефано Пиоли му го украдоа златниот медал добиен за освоената шампионска титула во Серија А. Инцидентот се случил на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија каде Милан вчера го победи Сасуоло и стигна до Скудетото.

– Ми го украдоа шампионскиот медал. Некој ми го скина од вратот. Молам да го вратат, ќе бидам благодарен ако го сторат тоа. Немам друг, апелира Пиоли.

Прес-службата на Серија А се обрати до тренерот на Милан, Стефано Пиоли, кому му го украдоа златниот медал добиен за освоениот трофеј во италијанскоте првенство.

– Господине Пиоли, утре повторно ќе ви дадеме медал, објави лигата на Твитер.

За селекторот Стефано Пиоли ова е прв трофеј во неговата тренерска кариера. Педест и шестгодишниот фудбалски стручњак е на чело на Милан од 2019 година.

Милан стана шампион за прв пат по 11 години. Последен пат клубот ја освои Серија А во сезоната 2010/11.