Од поранешниот долгогодишен претседател на Зимбабве и диктатор , Роберт Мугабе, се простија и во Црна Гора.
Во црногорскиот примнорски град Прчањ осамнаа посмртници со тажна вест.
„Со тажно срце објавуваме дека нашиот драг Роберт Габриел Мугабе почина на 95-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Датумот и местото на погребот ќе бидат објавени дополнително”, пишува во посмртницата од раководството на локалната месна заедница во Прчањ.
Не се знае точно кој го нарачал некрологот, но тоа предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.