Дваесет лица од Македонија се депортирани назад зо земјата, како и 40 во Србија.
Регионалниот совет потврди дека 60 лица вчера беа депортирани од Германија со лет од аеродромот Баден кон Белград. Авионот кој превезувал 40 лица од Србија и 20 лица од Македонија полетал напладне од аеродромот во Карлсруе.
Претходно Советот за бегалци во Хамбург протестираше против депортацијата.
Официјалниот став на германското министерство за миграција е дека во своите матични држави ќе бидат вратени сите странци кои што не ги исполнуваат условите за добивање азил.
Извор: Велт https://www.welt.de/regionales/baden-wuerttemberg/article218827730/60-Menschen-nach-Serbien-und-Nordmazedonien-abgeschoben.html?cid=onsite.onsitesearch