На прес-конференција базирана на трач-текст на британски петпатрачки и сензационалистички медиум од рангот на жолт печат, Венко Филипче, надобудниот лидер  и најголем лузер на локланите избори излезе со фантастична прикаска во која, верувале или не, изјави дека со отпор во секој град и село ќе спречеле доаѓање странски мигранти?!?!

За да пародијата биде уште поголема, Филипче увозот на мигранти го објасни со потребата на ВМРО-ДПМНЕ мигрантите да гласат за нив?

Филипче најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, наводното антидржавно и антинационално однесување на Владата.

– Дали може да се очекува дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак, се ближат избори. Дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра – праша  Филипче.

Дали тука Фројд проговоре кај него, во желба да најде какви-такви мигранти, макар биле и вонземјани кои би гласале за неговиот СДС, си ја кажа оваа лудорија. Имајќи ги предвид бројките од минатите избори и последната анкета на ИПСОС и ИПИС каде разликата е повеќе од 4:1, мигранти и вонземјани му се потребни токму на него.

Ова е дел од старата шема со наводни фантомски гласачи која ја тераа неговите претходници во СДС, за да испадне дека токму СДС и нивниот Заев и Чаушот (кој за тоа е и во затвор) правеле лажни лични карти за да СДС оствари подобри резултати на избори. Е сега, мигранти, не фантоми, утре же бидат и марсовци…

И повторно, трет пат до сега, лузерот Филипче го изруга и го поврза Стратешкиот договор и 6-те милијарди евра со криминал и со мигранти, навредувајќи го директно со тоа и Обединетото Кралство. За Македонија тоа е веќе добар ден.

Не одговори, од каде му златната виза во Дубаи, „непостоечката“ викендица во Нерези, џипот подарен и вреден 130.000 евра, чувствува ли одговорност за бизнисот со корона вакцините и 3-то место во свет по загинати, за модуларната болница и изгубените животи… Не, поважна беше една лажна вест од британски медиум, вистината не е битна.

Велат, соочен со стегањето на обрачот околу неговите и криминалите на Заев и неизбежната смена на Коцевски (последниот заштитник), Филипче ќе оди како Заев. Ол ин, велеше муртинскиот му ментор. Зошто неговиор ученик и пулен би бил макар малку понаков. Особено кога Црпко и сега му кажува што да бекне, како да се исчешла, што да облече и доручкува….

И така, Венко заигра на се’ или ништо…

На социјалните мрежи веќе иронично се потсмеваат со ултра-губитникот Венко. Велат, ете, пораката не Филипче кажува се’: Дури и мигрантите кои немаат поим за и околу Македонија, ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, не за СДС. Точка.

Извое: Курир