Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19.
Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2, Радовиш и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 5 оздравени пациенти од: Тетово – 3, Скопје – 2.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 3.470 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Авицена-247, Биотек-193, Систина-60, лабораторија Лаор-148, Синлаб-19, Ремедика-7, Плодност–39, Генеа–4, Никоб лаб-747, ВФВ Медикал-30,Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.633.
Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.