Ова е транскрипт од разговорот меѓу Роберт Малоун, имунолог, вирусолог, еден од најголемите свтески експерти во оваа област, изумител на МНРА технологијата која сега се применува и кај некои вакцини против корона вирусот (надежта е дека со таа технологија ќе се добие вакцина против ракот), Брет Веинстејн, домаќин на овој подкаст, инаку професор по еволуциона биологија и Стив Кирш, американски претприемач, изумител на раната верзија на оптичкиот глушец, чие богатсво пред една деценија е проценето ан 230 милиони долари. Тројцата веќе имаат снимено разговор во кој велат дека спајк протеинот, што го има во вирусот, а кој со овие мНРА вакцини почнува да се создава од самиот организам, всушност е цитотоксичен.

Тројката не спаѓа во групата антиваксери (можеби Кирш), но се обидуваат, посебно Малоун и Веинстејн, од научен аспект да ги согледаат сознанијата за ефектите од мНРа вакцините.

Овој нив најнов разговор од 27 јуни, е мотивиран од податоците објавени за Фајзер вакцината.

ВЕИНСТЕЈН: Овој графички табеларен приказ е креиран од податоците на Фајзер за дејството на нивната вакцина. Значи ова не се податоци на Фајзер, туку ова е табела изработена врз основа на тие податоци кои сега ги анализираме.

МАЛОУН: Ова е сумиран графички приказ. Но, можам да потврдам дека тоа што е прикажано во оваа табела одговара на податоците што Фајзер ги соопшти за нивната вакцина.

КИРШ: Како што можете да видите од податоците, кога ќе ја инјектирате вакцината во рамо, нејзината содржина не останува таму каде што би требало, односно не останува во рмаото, туку се распотранува низ целото тело.

МАЛОУН: Можел ли да им покаже на гледачите каде е тоа покажано во табелата…?

КИРШ: Повеќето луѓе само ќе слушаат…!

ВЕИНСТЕЈН: Ние гледаме во графички приказ што покажува концетрација на спајк протеинот во различни клетки…

КИРШ: Тоа се липидните нанопартикли… Тие се носачот на вакцината. за луѓето кои не гледаат, а кои не се стручњаци во ова – тие се како ФедЕх, тоа е кутијата во која е спакувана мНРА вакцината и тие ја носат.

ВЕИНСТЕЈН: МНРА е тоа што предизвикува производство на спајк протениот (тоа е протеинот што го има во шилците на корона вирусот, кој по давање на вакцината, организмот го продуцира по што следеи создавање антитела кои ќе го нападнат и на тој начин организмот ќе научи да не брани од САРС КОВ 2, н.з.). Но ако најдете липидни нанопрактикли некаде во телото, тоа ви кажува дека спајк протеиот стигнал таму.

КИРШ: Да, тоа е кутијата која се испорачува, а внатре го има мНРА…

МАЛОУН: Во право си. Ова е липидна компонента која ја врши испораката…

ВЕИНСТЕЈН: Ова се различнн линии на графиката кои ни прикажуваат состојба од 15 минути од примањето вакцината, до 40 часа по примањето на вакцината. Тие ни покажуваат каква е концентрацијата во различни клетки и делови од телото. Овде има силни сигнали. Ги има во сета крв уште во првите четири часа, што значи циркулира насекаде…

МАЛОУН: Тоа е необично…. Да бидеме прецизни… Ја администрираме вакцината во рамото, а потоа се раширува насекаде…

ВЕИНСТЕЈН: Гледате дека линиите растат како минува времето, значи се дистрибурала низ целото тело, а тоа не е тоа што го очекувавме. Се надевавме дека ќе остане во рамото, а таа се шири низ целото тело… Потоа концентрациите опаѓаат, но растат на две места како наближуваме до времето од 48 часа од администрирање на вакцините: едното од нив се јајниците, каде што концерацијата оди до небесни висини. Тоа е навистина застрашувачки…

МАЛОУН: Секој кој ќе ги поглед овие податоци ќе каже: ШТО?…

ВЕИНСТЕЈН: Мошне загрижувачки!

КИРШ: Тоа е конгитивна дисонанца. Противречи на сознанијата што го имаме… Центарот за контрола на болести вели дека ова е безбедно за бремени жени… Неверојатно е дека ова е на сајтот на Центарот.

ВЕИНСТЕЈН: Не е безбедно воопшто за жените…

МАЛОУН: Да бидеме сигурно дека слушателите ќе не разберат…

ВЕИНСТЕЈН: Јајниците покажуваат голема концентрација. Поради некоја причина (лиидните нанопрактикли, н.з.) тие се концентрираат таму… Липидите завршуваат таму и второто место каде се концентрираат, мислам дека тоа треба да не загрижи многу повеќе… Роберт, поправи ме ако грешам, ако не сум на вистинскиот пат… но фактите покажуваат дека се концентрираат и во коскената срж. Тоа сугерира дека може да се заврши со…, не велам дека тоа ќе се случи, но велам дека мора да внимаваме, да следиме, со нешто како леукемија. Од друг труд знам дека ги има и во лимфните јазли што не води до прашањето дали може да се создаде лимфома. Во секој случај, ова се МОЖНИ долготрајни ефекти. Не постои начин да знаеме дали тоа ќе се случи, зашто овие нешта им се инјектираат на луѓето не повеќе од една година.

МАЛОУН: Значи имаме два неповолни сигнали кои им стануваат очигледни и на моите пријатели во ФДА (американскиот пандан на нашата Агенција за лекови, н.з.)… Се фокусираме на коскената срж. Апластичната анемија, лимфомата, леукемијата… сличните нешта, може, ова е сигнал… може да ги видме за шест месеци, три години, девет години… тешко е да се каже. Прогресијата на канцерот често бара повеќекратни мутации… Да останеме на ова, но ова секако треба да се мониторира, надгледува… Значи има два сигнали кои почнуваат да… Немаме време да навлегуваме во нијанси како доаѓа до нив… треба време за гледачите да сфатат за сето ова… но еден од нив е тромбоцитопенија (состојба при која крвта не создава доволно згрутчувања за да се спречи крварењето, ова е спротивно од претераното згрутчување односно создавање тромбови кои доведуваат до удар, н.з). Значи нема доволно тромбоцити кои се создаваат во коскената срж… Значи, сега се фокусираме на сигналите во врска со коскената срж. Тромбоцитопенијата е еден од тие сигнали…

ВЕИНСТЕЈН: Тешко е да се разбере дека ова се појави во податоците…

МАЛОУН: Втората опасност е од реактивирање на латентните вируси… Херпес зостер е пример за тоа, но има многу други ретровируси опишани во литературата кои можат да реактивираат. Тоа се девијантни откритија… кога ги добив овие податоци за евалуација ви ја кажав целата приказна. Тоа што навистина е чудно за мене околу сигналот за јајниците е дека нема таков сигнал за тестисите и мојот колега, д-р Кевин Тамера, потроши многу време размислувајќи и прегледувајќи ја литератрата околу ова, зашто го засега и него како лекар, бидејќи е уролог, па е специјализиран околу машкиот репродуктивен систем, и тој има некои теории… смета дека карактеристиките на јајниците, наспроти карактеристикте на тестисите, имаат некаква врска со ова. Но тоа не не оддалечува од две клучни работи, … овие податоци се таму, познати се долго време…

КИРШ: Но не беа јавно достапни…

ВЕИНСТЕЈН: Да заклучиме: имаме краткорочни имплакиции кај јајниците, имаме можни долгорочни ефекти за јајниците, имаме можни краткорочни последици кон коскената срж, имаме можни долгорочни псоелдици за коскената срж. Но, би додал, тоа за што најмногу сум загрижен, се автоимуните болести кои можат да се појават на долг рок…

МАЛОУН: Зборувавме за ова порано. Тука, за мене, кога зборуваме за автоимуни болести, помалку се битни липидните компоненти, а повеќе проблем е спајк протеинот кој слободно циркулира, а за кој не очекуваме дека така ќе се однесува, а тие кои ја развиваа вакцината не убедуваа дека такво нешто нема да се случи. Велеа дека нема да има спајк протеин кој слободно шета. И потоа двајца научници направија студија и добивме доказ за „слободен спајк“ по вакциирањето. И сега, тоа носи цел друг сет импликации. Но, развојот на автоимуни болести, наспроти комплескот од туѓ протеин, плус нормалните човечки протеини, е секако нешто што ќе мора да го мониторираме. Како што веќе кажавме, тоа е причината поради која вообичаено ви треба време од две до три години за да се видат ефектите, кога ќе се разгледува што се случува со иницијалната група пациенти од третата фаза (кои примиле вакцинина во текот на испитувањата на дејствата на вакцината, н.з.) за да бидеме сигурни дека автоимуни болести нема да се развијат како последица на вакцината, бидејќи за нив треба време.

КИРШ: Затоа секогаш велеа дека не пости вакцина што е брзо развиена. Најбзро што сме развивале вакцина е седум години… А, 12 години е време потребно да се согледаат долгорочните ефекти.

МАЛОУН: Експериментите на животни ни покажуваат, и даваат сигнали, не алармираат за нешта за кои треба да внимавме кај луѓето со таа вакцина.

ВЕИНСТЕЈН: Добро, да го разјасниме овој сегмент. Имаме мошне алармантни краткорочни податоци за тоа каде ги пронаоѓаме липидите, каде го наоѓаме спајк протеинот. Овие податоци мошне загрижуваат бидејќи тоа не е тоа што го очекуваме да се случи. Тие не треба да се таму каде што ги наоѓаме. Имаме извештаи до надлежните и за последици, па дури и смртни случаи и се чини сето ова воопшто не е наивно. Така што, имаме краткорочни последици на алармантно ниво и врз таа основа градиме веројатност за можни последици кои ќе се појават на долг рок. Се разбира, ќе треба да помине време за да видиме што се случува.