Предмет против функционери на ДУИ кој трае од 2017 година вози кон застарување затоа што некои судии денеска не дошле на судењето, јавува агенцијата Макфакс.
Судењето е во фаза на изведување докази и треба да помине уште долг процес за да стигне до крај. Обвинението е поднесено од бившото СЈО пред шест години, а првото судење беше во 2017 година.
Засега не е јасно зошто членовите на судскиот совет кој треба да ги суди Исмет Гури и екс координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими не се појавиле на судењето.
Никодим Царкњас: НАПАДОТ Е ОТИ СЕ ДЕКЛАРИРАМ КАКО МАКЕДОНЕЦ
Одредена мерка притвор за шефот на железничката станица во…
Повеќе детали за предметот кој со вакво одложување на постапката речиси извесно ќе застари и функционерите на ДУИ ќе бидат ослободени:
Предметот „Титаник 3“ е интересен не само поради профилот на осудените – функционерите на ДУИ Исмет Гури и Ејуп Алими, туку и поради серијата куриозитети што го следат случајот.
(ЈУНИ 2017 – ОБВИНЕНИЕ) Алими и Гури беа обвинети во јуни 2017 години од тогашното СЈО, за делото уништување на изборен материјал. Според обвинителството, на локалните избори во 2013 година, тие преправиле дел од записниците за гласањето во Чаир.
(ДЕКЕМВРИ 2017 – ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕ) На судот му требаа околу шест месеци само за да го прифати обвинението, прво и единствено од СЈО за функционери од ДУИ.
(МАРТ 2018 – ПОЧНА СУДЕЊЕТО) Ќе поминат уште три месеци за да се одржи првото рочиште за предметот, во март 2018, во кој обвинението го застапуваа обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
(ЈАНУАРИ 2019 – КРИВИЧНА НА ГАВРИЛ БУБЕВСКИ) Судењето е во одмината фаза кога обвинителот Гаврил Бубевски во јануари 2019 година поднесува кривична пријава против адвокатот на Алими поради загрозување на безбедноста.
(ФЕВРУАРИ 2019 – ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА) По една година судење, наместо случајот да биде поблиску до пресуда, предметната судијка Оља Ристова се иззема, поради критиките од специјалната обвинителка Катица Јанева. Судењето почнува од почеток.
(МАРТ 2020 – ПРЕСУДА) Во март 2020 година, две години по стартот на судењето или безмалку три години по обвинението, Исмет Гури и Ејуп Аљими добиваат првостепена пресуда – по 3 и пол години затвор.
„Обвинетиот Исмет Гури од Скопје сторил кривично дело уништување на изборен материјал од член 164 став 3 во врска со став 2 и став 1 од КЗ. А обвинетиот Ејуп Алими од Скопје сторил кривично дело уништување на изборен материјал од член 163 став 3 во врска со став 1 од КЗ. … Судот и двајцата обвинети ги осудува на казна затвор од 3 години и 6 месеци“, рече судијката, читајќи ја пресудата.
Пресудата ја обжалија двете страни. Обвинителството, затоа што за ова дело е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Одбраната, пак, спореше неколку моменти, како на пример графолошкото вештачење.
„Судот се впушти дури и да го објасни тоа вештачење. Значи да излезе од рољата на арбитар, без да ги сослуша вештаците“,
рече тогаш адвокатот на одбраната.
По барање на обвинителката Фетаи, првостепено осудените останаа без своите пасоши, како мерка за обезбедување на нивното присуство. Неколку месеци подоцна, при едно од редовните барања за продолжување на мерката од обвинителката Фетаи, се случува нов куриозитет.
Порталот СДК откри дека вишиот јавен обвинител, Дилавер Бектеши, практично застанал зад осудените, кога го застапувал предметот пред Апелациониот суд.
„Точно е дека советот пред околу два месеца одлучуваше по жалба за укинување на мерката одземање на патни исправи на обвинетите Гури и Алими. Вишиот јавен обвинител дозволи да им се вратат, но судот одлучи поинаку, сепак го има последниот збор”, гласи официјалниот одговор кој тогаш го даде Апелацискиот суд.
Во април 2021 година или речиси четири години по поднесувањето на обвинението, во Апелациониот суд конечно требаше да се одржи јавна расправа за „Титаник 3“, по која судот треба да донесе правосилна пресуда – дали Гури и Алими ќе одат во затвор, ќе добијат поблага казна или судењето ќе се врати од почеток.
Но, само час и половина пред закажаната јавна расправа на 27 април, адвокатите на осудените побарале одложување, бидејќи повеќе не сакаат јавна туку нејавна расправа.
Не само обвинетите, туку на рочиштето не се појавил ниту вишиот јавен обвинител Дилавер Бектеши, за да го каже ставот на вишото обвинителство – дали стои зад барањето на Фетаи за повисока казна и каков е ставот за жалбата на одбраната. А на средината на март, Вишото јавно обвинителство кажа дека Бектеши јавно ќе го соопшти ставот на јавна седница, кога демантираа новинарски текст дека вишиот обвинител веќе испратил мислење со кое бара повторување на судењето.
Сепак, на одложената јавна расправа, апелационите судии го открија писмениот став на вишиот обвинителот Дилавер Бектеши, кој оди контра ставот на обвинителката Фатиме Фетаи – обвинетите да добијат повисоки казни.
Две години подоцна се уште не може да се соберат судии за судењето на Гуру и Алими.