Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово.
Како што објавија повеќе медиуми жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село остана без струја е несовесното однесување на слупчанци, поради кое село повеќе други од овој регион вчера беа напојување.
Екипите на ЕВН се спречени од жителите на Слупчане да влезат во селото и да го отстранат дефектот.
Според информациите од терен, поради насилниот влез во зградата на ЕВН во Куманово, од Електродиструбуција биле принудени да повикаат екипи на МВР кои веднаш пристигнале и извадиле револтираните жители на Оризари надвор од просториите на компанијата.
Од ЕВН информираа дека по вчерашниот упад на жителите на Слупчане во трафостаниците на ЕВН, селото но и Оризари се сѐ уште без напојување.