Седми ден по ред, во Барселона и синоќа се одржа протест за поддршка на уапсениот рапер, Пабло Хасел, соопшти шпанската полиција, додавајќи дека протестот заврши со немири и вандализам.

Во соопштението на каталонската полиција се наведува дека гневните демонстранти фрлаа различни предмети кон седиштето на полицијата и запалија повеќе канти за смет.

Од почетокот на протестите, минатиот вторник, досега се уапсени 109 лица.

Хасел (32) беше уапсен и осуден на девет месеци затвор за величење на тероризмот и навреди кон членовите на кралското семејство, постапки и одлуки кои предизвикаа протести во најголемиот град на провинцијата Каталонија, но и политичка дебата во земјата за слободата на изразување и полициската репресија.