Бројот на новозаболени од Ковид 19 денеска е 123, а само во Скопје се регистрирани 87 случаи, неофицијално дознава Нетпрес.
Ресен кој долго време беше последен град во Македонија без ниту еден случај на коронавирус, сега станува ново жариште.
Вкупниот број на потврдени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата до вчера се искачи на 4.157, а на починати е 193. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство беа евидентирани 103 нови случаи со вирусот од 841 направено тестирање, а пет пациенти починаа. Активни има 2241 случај.
Ново жариште во изминатите пет дена стана Ресен со 19 дијагностицирани лица, а првите потекнуваат од семејна прослава.