Дневна евтина тарифа на струјата ќе има, но од следната година, објави ТВ Телма.
Иако се очекуваше тоа да се случи од 1 јули годинава, според информациите на Телма оваа поволност граѓаните ќе ја добијат од јули идната година.
Според неофицијални информации најверојатно од први јули ќе има и благо покачување на цената на струјата за граѓаните – едноцифрено.
ДДВ то за електричната енергија се враќа од 10 на 18 отсто. Но владата одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на универзалниот снабдувач.
Понудата државните електрани ќе ја достава во петок на тендерот на ЕВН Хоум.
Извор: ТВ Телма