Членови од Комисијата за заразни болести за порталот Фактор велат дека откако ќе се изанализира состојбата, може да имаме целосно затворање на кафулињата и рестораните од Нова година до Божик.
– В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти. Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.
Се посочува и дека некои од членовите на оваа Комисија сметаат дека заради спречување на ширењето на заразата најдобро би било да се затворат сите угостителски објекти од 31 декември до 8 јануари.