Како што неофицијално дознаваме, припадниците на специјалната единица „Алфи“ денеска се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во Ѓорче Петров, со што практично „Алфите“ се престанаа да постојат.
Симптоматично е што ова се случува на неколку дена пред формирање на техничката Влада која треба да ги реализира изборите на 12 април 2020 година, а МВР треба да го преземе министер назначен од ВМРО-ДПМНЕ.
За тие што се сеќаваат, еден од првите чекори, всушност прв чекор на Оливер Спасовски кога стана технички министер беше да го постави Примислав Димовски, како кадар на СДСМ, за прв човек на „Алфите“. Очигледно, овој пат, токму тоа е стравот кај СДСМ, дека новиот министер ќе го смени Димовски, со што ќе се вметнеше сериозен клин во желбата на СДСМ да манипулира на изборите.
Имено, единицата Алфи се покажа како состав кој е способен да ги стави под контрола локалните шерифи, кои СДСМ има намера да ги употреби на изборите за полнење на кутиите и за застрашување на населението. Проценка на СДСМ е дека другите единици недоволно ги познаваат состојбите на терен кога се во прашање изборите и затоа се прави обид на техничкиот министер да му се намали или оневозможи можноста за контрола на состојбите во текот на кампањата, за време на гласањето кога се очекува масовно полнење на кутиите и во деновите по гласањето.
Најавата за укинување на „Алфите“ дојде уште минатиот месец, но досега не беше реализирана.