Неговото мото е „Америка пред се“. Американскиот претседател остави малку за мултилатерализмот. Особено ЕУ му е на „пик“. Токму затоа неодамна на Емануел Макрон му дал отровен предлог, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтуцн“ (ФАЦ).
Американскиот претседател, Доналд Трамп, според новинарски текст во „Вашингтон пост“, на францускиот колега, Емануел Макрон, го прашал дали тој би ја извадил неговата земја од Европската унија. Според „Пост“, на приватна средба во април во Белата куќа Трамп го прашал Макрон: Зошто не ја напуштите ЕУ“?
Но, Трамп не застанал само на прашање, туку на Макрон го охрабрил да продолжи соло во Европа. А Америка би склучила билтаерален трговски договор и тоа по многу подобри услови кои ги има со ЕУ.
Весникот се повикува и на два извора во ЕУ и досега нема демант од Белата куќа.
Франција под лидерството на Макрон се смета за една од клучните земји во меѓународната заедница. Од друга страна, Трамп е остар критичар на мултилатерализмот, а тоа го докажа и во праксата, а особено проблематична му е ЕУ, а дури имаше критики и за НАТО нарекувајжи ја бекорисна организација..
Неодамна Трамп на средба со гласачи во Северна Дакота рече дека ЕУ е создадена за да ги ослабнат САД.