Инцидент се случи меѓу симпатизери на крајната десница од „Идентитетска генерација“ и припадници на антифашистичко движење за време на собирот во Париз против расизмот и полициското насилство, јави дописникот на МИА.

Турканицата се случи откако симпатизерите на „Идентитетска генерација“ поставија транспарент на покривот од зграда, чија содржина се однесува на расизмот против белците.

Веднаш потоа припадници на антифашистичко движење се качија на покривот и се судрија со симпатизерите на крајната десница, по што успеаја да го отстранат платното, и беа наградени со аплаузи од учесниците на протестот.