Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира, се додава во соопштението.




