Осум работници денеска ги загубија животите од задушување со заостанат отровен гас во танкер за течен природен гас на бродско гробиште во Бангладеш, додека го подготвувале металот за сечење, а неколку нивни колеги се хоспитализирани со тешки последици.

Трагедијата се случила во пограничниот појас на Ситакунда, во областа Чатограм, каде што на брег со должина од 20 километри се сместени околу 150 регистрирани бродски гробишта и бродоградилишта.

Овој регион претставува глобален гигант за рециклирање на расходувани бродови со годишен промет од 2,46 милијарди долари, во кој се обработува дури 36 отсто од светскиот бродски отпад и се обезбедува повеќе од половина од челикот за потребите на земјата.

И покрај тоа што оваа индустрија вработува десетици илјади луѓе и носи милијарди долари профит, еколошките активисти и организациите за човекови права постојано предупредуваат на драстичното непочитување на стандардите за заштита на трудот и животната средина.

Според нивните извештаи, на бродските гробишта во Бангладеш редовно завршуваат и бродови со високоопасен отпад што пристигнуваат од западните земји без соодветни безбедносни протоколи.

МИА