Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео обраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестинскиот Хамас за ослободување на заложниците, откако тие објавија извештај за нападот на 7 октомври.

„Категорично ги отфрлам условите на Хамас“ кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече Нетанјаху.

„Ако се согласиме на ова, нашите војници паднаа залудно. Ако се согласиме со ова, не можеме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани. Следниот 7 октомври ќе биде само прашање на време. Не сум подготвен за таков фатален удар врз безбедноста на Израел и затоа не можам да се согласам со такво нешто“, рече Нетанјаху.