Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за атентат врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавија турски медиуми.
Според извештаите, експлозивна направа била пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт.
Бомбата, која била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, брзо била деактивирана.
Во тек е истрага за инцидентот.