Големите тениски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер утринава се поразени во првиот нивни меч како двојка.
Во „Јунајтед Центар“ во Чикаго, подобри од нив беa Џон Сок/Кевин Андерсон со 2-1, по сетови 6:7; 6:3 и 10:6.
Мечот беше проследен од 16.000 илјади гледачи кои уживаа во атрактивни поени, но и егзибиции.
По завршувањето на првиот ден, Европа има водство над Светот со 3:1.
Вечер на ревијалниот „Лејвер Купот“ Федерер и Ѓоковиќ ќе играат сингл мечеви.