Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси го смени својот имиџ. Аргентинецот ја избричи брадата која ја носеше последните две години.

Во 2016 година Меси изјави дека мора да ја пушти брадата, бидејќи неговите соиграчи од аргентинската репрезентација сметат дека таа носи среќа.

Сепак, Аргентина не се прослави на годинашниот Мундијал во Русија, но затоа пак Меси има одлично отворање на сезоната со својот клуб Барселона.

Барселона утре во каталонското дерби се среќава со Џирона и останува да видиме дали ќе го задржат максималниот ефект во Примера каде досега ги добија сите четири натпревари, или бричењето на брадата на Меси ќе донесе „малер“.