Изгравиран венчален прстен вчера беше пронајден во водите на Охридското Езеро. Од внатрешната страна на прстенот биле изгравирани имињата на момчето и невестата, како и нивниот датум, по претпоставка денот на нивната венчавка.
Имено, на плажата Акапулко прстенот го пронашла госпоѓа Биби Ставреска, која експресно објавила фотографии од него, претпоставувајќи дека прстенот е од големо значење за Дејан и Моника, брачниот пар на кој припаѓала бурмата.
По 5.440 споделувања на фотографиите, сопствениците на бурмата се јавиле и ќе го добијат својот животен прстен назад.
Ова е еден пример кој ја разбранува Македонија во позитивна смисла, враќајки му верба на човештвотот дека не се’ што е вредно смее и може да биде продадено, доколку е туѓо.
Честитки за пронаоѓачот и сопствениците на бурмата.