Силен дожд предизвика поплави и сериозни проблеми во населби во северниот дел на Атина. Еден паркинг, со над 50 автомобили целосно беше поплавен, а по наредба на полицијата затворени се за сообраќај неколку поплавени улици.
Како што јави МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштија дека добиле 140 повици за помош на возачи и за затнати шахти.
За сега нема информации за повредени граѓани.
Околината на Атина претходните денови беше зафатена од пожари во кои загинаа најмалку 82 лица.
И понатаму продолжува потрагата по исчезнати лица, чиј број не е прецизиран, но само во становите и куќите што се отворени.