Европската комисија усвои нови правила за менталното здравје на пилотите, три години откако Андреас Лубиц, германски пилот, урна авион на Џерман Вингс и за кого се откри дека пател од тешки психијатриски нарушувања.

Со новите европски правила, авиокомпаниите ќе мораат да направат комплетна проверка на менталната состојба на пилотите и на екипажот пред да ги вработат. Новите правила предвидуваат и тестирања за психоактивни сусптанци во крвта, како алкохол, канабис, седативи, халуциногени и други состојки освен кафе и тутун.

Тестирањата ќе мора да бидат објективни, транспарентни и недискриминаторски, наведува ЕК да се прават пред вработувањето. Компаниите ќе мораат исто така да им пружаат психолошка помош на пилотите и екипажот доколку се детектираат ментални проблеми кај нив, јави МИА од Брисел.

Одлуката за воведување нови правила топло ја поздрави авионската индустрија. Германските авио-компании веќе воведоа слични правила самоиницијативно.

Земјите членки на ЕУ и авионските компании имаат рок од две години за да ги имплементираат новите мерки.