Еден Индонезиец толку многу си ја сака работата што го крстил синот по неа. Неговиот петмесечен син се вика Канцеларија за статистички информации.

Уште пред да се ожени, Самет Вахјуди знаел дека ако некогаш има син, сака да го именува по одделот во кој работи како државен службеник.

Ова многу јасно и било укажано на вереницата пред свадбата, а таа го прифатила неговиот услов.

Двојката прво добила девојче, па Самет се согласил да и даде конвенционално име, но кога зимава добиле син, тој веднаш знаел како сака да го вика – Заводот за статистички информации.

Индонезиските медиуми објавија за необичното име на детето на почетокот на овој месец, откако ја проверија базата на податоци.

Самет Вахјуди пред новинарите изјави дека се вработил како државен службеник во градот Бребес во 2003 година, и оттогаш работи во Канцеларијата за комуникација со статистички информации. Тоа место за него стана како втор дом, па сакаше некако да го поврзе со неговиот син.

Роден на 23 декември 2020 година, Канцеларијата за статистички информации веројатно ќе има потешкотии да се претстави со полно име, па затоа неговите родители веќе го избраа прекарот – Динко.

На прашањето што ќе мисли неговиот син за неговото име кога ќе порасне, тој рече дека е сигурен дека момчето ќе се навикне. Сопругата на Самет, Линда, веднаш го прифати името, но нејзините родители имаа забелешки, но кога слушнаа за нивниот предбрачен договор, го прифатија и тоа.

Реакциите на социјалните мрежи беа поделени, а многумина, како и обично, веднаш започнаа да се шегуваат.