Манекенката и поранешна сопруга на Марко Јариќ, Адријана Лима, повторно е заљубена, а својот нов партнер го претстави на Инстаграм и предизвика поделени реакции.

По разводот со Марко Јариќ, Лима беше во долга врска со писателот Метин Хар, потоа беше во кратка врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а сега позира со ново момче.

Имено, Лима објави низа фотографии од прославата на роденденот на нејзината пријателка, а на сите фотографии гушка млад човек во темносина кошула.

Некои нејзини обожаватели коментираат дека можела да најде подобар, додека од друга страна има и такви кои се воодушевени од изборот на манекенката.