Искусниот голман Никола Митревски се обврза на нова соработка со Е.Пелистер која ќе има важност на уште една година и истата може да биде продолжена за уште една година.
„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина“, се вели во објавата на клубот.




