Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-За општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Оваа година ќе имаме уште една таква слична активност како дополнителна поддршка, тоа е една работа. Втората е, заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме на изработка на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам и исто така една убава викенд населба што ќе значи многу за целиот источен дел на државата и третиот проект е браната Отиње која што треба да е една туристичка атракција. Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари и се реалирира во моментов. Очекувам во текот на следната година да заврши, да почне да се полни со вода и веќе летото 2027 година се надевам да направиме севте на тоа езеро и во делот на туризмот и секако во делот на наводнување, ијзави потпретседателот на влчадата Николоски.