Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.
-Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6% во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат), истакна тој.
Николоски информира дека Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.
-Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 % што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти, објави вицепремиерот Николоски.




