Да ја потсетиме јавноста дека СДСМ се реши да не го кандидира за пратеник и носител на листа во петтата изборна едница Венко Филипче како резултат на бројните афери кои се отворија за него пред изборите, истакна потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето интервју за Канал 5 телевизија.
Тој истакна дека изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби по изборите тој ќе мора да одговара за сторениот криминал. Токму поради ова Николоски се сомнева во непристрасноста на министерот за здравство кога станува збор за датумот за избори.
-Јас не познавам многу луѓе во Македонија кои што имаат имот од 15 илјади метри квадратни на најатрактивна локација во Скопје. Ова ние јавно го објавивме и имаме документи за ова. Нема многу такви луѓе кои што имаат толку имот. Поентата ми е дека овие избори се влог за Венко Филипче дали ќе одговора потоа или не. Затоа што доколку победи ВМРО-ДПМНЕ верувајте дека ќе понесе одговорност за криминалните дејствија во министерството за здравство, а тие се бројни. Прво ги извадивме документите за неговото земјиште, постојат бројни индиции за местење на тендери, пред некој ден излеговме со две пресконференции, едната беше за стентови втората за реагенси. Такви информации објавуваше ВМРО-ДПМНЕ многу пред почетокот на корона кризата, заради корона кризата застанавме, но имаме уште многу материјали, вели Николоски.
Во однос на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да гази преку човечки животи за да дојде на власт и ќе се залага за избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек кој ќе гласа нема да заболи од коронавирусот.
-Драго ми е што ќе има лидерска средба од причина што тоа беше наше барање. На почеток СДСМ одбиваше, потоа прифатија, здраво е за државата главните политички сили да седнат и разговараат за да се обидат да најдат консензус околу најкрупните прашања. А тоа е убава порака и за граѓаните. Секако ние ќе излеземе со наш план кој ќе значи излез од ситуацијата и ќе значи пат до избори. Работиме во моментов на планот, да беше готов би ви го презентирал, но во текот на викендот очекувам да е готов. Она што е можам да го кажам е дека тоа е план кој што ќе води до избори и ќе води до заштита на здравјето на граѓаните, затоа што ние не смееме да се доведеме во ситуација да луѓе заболуваат од коронавирус, или не дај Боже ги губат своите животи за да во Македонија се случат избори. ВМРО-ДПМНЕ типува на избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус. Тоа е основно за нас, затоа што нам не ни треба власт ако како резултат на изборите на кои што сме ја добиле власта се заразат стотици луѓе и недајбоже почина 10-тици луѓе. Нас таква власт не ни треба, затоа што тоа е газење преку човечки животи вели Николоски.