Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето ТВ  Канал 5 истакна дека кај Зоран Заев и кај СДСМ очигледен е очајот поради нивната инкриминираност и вмешаност во криминал во случајот Рекет, но и други останати криминални дејанија, пишува Курир.

Николоски посочи дека по завршниот збор на Бојан Јовановски во судницата за случајот Рекет, Зоран Заев на македонската јавност и должи многу одговори.

-Очајот го гледаме, јасен е. Одговорите кои што треба да ги добие македонската јавност се, како е можно на 3 април да ги известил осомничените во Рекет, а сега еден е веќе осуден за тоа дека се води случај против нив иако самиот тој тврдеше дека случајот го пријавил на 23 април. Иако до ден денес не ја видовме писмената белешка дека го пријавил случајот. Јас лично од него во јавноста барав да покаже писмената белешка, затоа што согласно Кривичниот законик постои начин како се пријавуваат кривични дела и затоа пријавителот мора да добие писмена белешка. А таа не ја добивме. Второто прашање на кое јавноста очекува одговор, а не го доби ни вчера ни денеска е како е можно Зоран Заев да ветува повластен статус на одредени осомничени од страна на СЈО. Што е исто така кривичниот дело. И третиот одговор кој што не го добивме ни вчера ни денес е како е можно во Охрид да биле наместени изборите, кога јасно беше вчера кажано дека биле местени изборите и имало параполиција, вели Николоски.