НИКОЛОСКИ: Ја злоупотребуваат короната за он лајн гласање, зашто не се способни да обезбедат мнозинство!

/ 14.10.2020

При своето гостување на ТВ Стар, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на онлајн работата на Собранието изјави дека СДСМ намерно ја наметнува темата бидејќи власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа во Собранието.

-Тоа е повторно злоупотреба на короната. Не е дека нема двајца пратеници во владеачкото мнозинство кои што се позитивни на корона јас им посакувам добро здравје и што побрзо да закрепнат но може да има и двајца болни не дај Боже од рак, срцеви заболувања и да не набројувам заболувања кои што ги има во денешницата, но никогаш претходно не било тема онлајн работа, сега станува тема онлајн работа затоа што власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа. Тие се власт со само 62 пратеници, од кои што од СДСМ се само 30, останатите се помали коалициони партнери на СДСМ плус БЕСА и ДУИ и едвам составија влада прикрпена, пратениците не им доаѓаат во Собрание на работа и имаат проблем да функционираат и измислуваат виртуелна тема за онлајн работа, нагласи Николоски.

Според Николоски, онлајн работа на Собранието не е дозволена според македонскиот Устав.

-Онлајн работа не е дозволена според македонскиот Устав, тоа е логично. Личноста се вика пратеник, значи народот го праќа во Собранието да го претставува таму, не го праќа дома, за од дома на компјутер да клика, за или против, Собранието не е само пленарната сала, има бројни други активности кои што се случуваат кои што јавноста не ги гледа и кои што ги прават пратениците во рамки на работа на комисиите, средби со граѓани, со институции, со здруженија на граѓани, со други засегнати, пишување на закони, подготовка на амандмани кои што не можете да ги правете ако не сте физички присутен. Но затоа што има проблем власта, СДСМ со помалите коалициони партии БЕСА и ДУИ да опстои ја измислуваат оваа вируелна тема. Тоа нема да се случи затоа што ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го дозволи тоа, а гледам дека и албанската опозиција е против и оваа власт, повторно кажувам ќе трае многу пократко од тоа што мислат граѓаните дека ќе трае, тврди Николоски.


Од истата категорија