Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слоши и со автомобилот удри прво во друго возило во движеша, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје. По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Од МВР соопштија дека на 14.10.2020 во 16.35 часот добиле пријава дека на крстосницата на улиците Орце Николов и Франклин Рузвелт има сообраќајна незгода помеѓу Ситроен со гостиварски ознаки и Опел со струмички ознаки.


Од истата категорија