Македонија пропаѓа затоа што двоецот Ковачевски Ахмети наместо да нуди решенија неуспешно се занимава со спинови и подметнувања. Носат национални предавства пробуваат да ги покријат со невешт ПР. Не оди тоа! А, секогаш вистината е најлесна!, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Неколку збора за вистината- цела година ја лажат јавноста дека преговараат со пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, имале па немале, ги делат луѓето на проЕУ и антиЕУ, прогресивни и регресивни, вакви и такви, а вистината е желба за ден повеќе криминална власт!

2/3 во Собранието немаат и никогаш нема да имаат! Од ВМРО ДПМНЕ поддршка за уставни измени под Бугарски диктат нема и нема да има! Најдобар доказа за ова е што прелогот за уставни измени не го ставаат на гласање!

Им понудивме национално обединување на Македонците- го одбија! Станаа класични измеќари на ДУИ и Ахмети!

Прифатија договор со Бугарија катастрофален по македонските национални интереси, кој се разбира не можат да го испорачаат. Ги предупредивме, а СДСМ игнорираше! Една година потоа после сите лаги и подметнувања СИТЕ пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се ПРОТИВ Бугарскиот диктат и се столбот на одбраната на македонскиот национален идентитет.

Понудивме и решение на проблемот што тие го создадоа а не можат да го решат. Одбија!

Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши “спин доктори”!

Прифаќање на Бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси и наместо да се приклучат одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!

Ние понудивме државнички пристап, а тие примитивизам и предавства. Нас Македонија, а на СДСМ Бугарија. Тоа е разликата!

Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!, пишува во својата објава Николоски.