Решението е директно да се удри по криминалот и корупцијата. Мора да се воспостави функционален систем на владеење на правото и да се воспостави функционална правна држава, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.
Според Николоски, клучот на проблемите на државата не се добрососедските односи, ниту пак односите со Бугарија и Грциј, туку високото ниво на криминал и корупција кое е присутно не само кај политичарите, туку и во сите останати сегменти.
-Клучот на проблемите во Македонија не се ниту добрососедските односи, ниту проблемот со Бугарија, ниту проблемот со Грција, туку суштината на сите проблеми е високото ниво на криминал и корупцијата кој што го има кај политичарите, но го има и кај сите други сегмени во општеството. Практично не постои сектор во државата во кој нема корупција, дали е тоа здравство дали етоа образованието, дали е тоа судство, обвинителство, или други сектори, секаде е присутна корупцијата, рече тој.
Николоски истакна дека граѓаните ја чувствуваат корупцијата во секојдневниот живот и токму поради тоа луѓето се иселуваат од Македонија.
За жал ова стана причина за иселување од Македонија. Ако пред 20, 30 години луѓето се иселуваа од Македонија заради лоши економски услови, сега си одат и како што самите велат нема ред, односно нема јасно воспоставен систем на функционирање, објасни Николоски.
Потпрестедателот Николоски рече дека една од причините зошто Македонија не започнува преговори со Европската унија е токму криминалот и корупцијата.
Основна причина зошто Македонија не започнува преговори со ЕУ со години, јасно во ова студио кажав уште во 2018та година, еве 5 години се направија од Преспанскиот договор, дека дури и да се реши во тоа време дури и да се реши проблемот со Грција, Македонија нема да започне преговори со ЕУ заради криминал и корупција. И сега 5 години потоа за жал сум во право, велам за жал бидејќи Македонија не напредува, а јас сакам да напредува, посочи Николоски.
На прашањето како предметот за партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се чува во фиока и дали ВМРО-ДПМНЕ има се уште влијание врз судството, Николоски потенцираше дека тоа прашање кое што го поставил Ковачевски треба самиот да го одговори, бидејќи тој има целосна контрола врз судството и обвинитеството, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена политичка партија која е со замрзнат имот.
-Во однос на прашањето што го поставил Димитар Ковачевски, треба самиот да го одговори истото затоа што имаат целосна контрола врз обвинителството и судството. И не точно е дека случаите стојат во фиока, ако некој има политички прогон тоа е ВМРО-ДПМНЕ и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Над 3000 членови се или под истрага, или под обвинение или на суд што е класичен политички прогон и најчесто врз политички монтирани процеси. И ние сме единствена политички партија во Европа чии што имот е замрзнат, чија сметка најчесто е замрзната, вели тој.
Николоски изјави дека е потребно од 6 до 9 месеци да се среди состојбата со криминалот и корупцијата, само доколку се има јасна политичка волја.
-Многу едноставно. За 6 до 9 месец се средува Македонија потребна е само јасна политичка волја, доволно институции има, доволно зкаони има, нема потреба да се троши време на создавање на нови институции или на гласање на нови закони. Едноставно треба да се остави на институциите да функционираат и јас ви гарантирам дека за 6 до 9 месеци ќе се видат резултатите, кажа тој.
Потпретседателот Николоски коментирајќи го ставањето на градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко на црната листа на САД, рече дека криминалот ниту почнува, ниту завршува со Мерко, туку е многу повисоко, односно во врвот на власта.
-Прво, да не се лажеме, корупцијата ниту почнува, а ниту завршува со Мерко. Многу повисоко е. Корупцијата во Македонија е во врвот на власта и во врвот на останатите полуги на она што значи власт во Македонија, не само во извршната власт, туку останатите власти. Така што корупцијата доаѓа од првенците на власта во Македонија. Вториот феномен е што Македонија си дозволи да се покрене една цела лавина за корупциски активности само откако надворешна странска држава посочи дека има криминал и корупција, а претходно институциите беа заспани. И третиот феномен за мене можеби и најбитен, е дека со отворањето на оваа црна листа сериозно на тест се поставени и европските интеграции на Македонија, бидејќи според моите информации, најмалку две големи земји членки на ЕУ ќе мониторираат што се случува со луѓето кои се ставени на црната листа, размислуваат и сами да направат црна листа и да го стават на тест целото македонско општество во насока на тоа како се однесува со овие пораки. И тоа ќе е клучно дали и теоретски да се реши проблемот со Бугарија, тоа ќе е тест дали на Македонија ќе и се дозволи да преговара за членство со ЕУ, заклучи Николоски.