Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
– Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција.
Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник.
-Орце води 1:3, истакна Николоски.
Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, посочи дека „сме партнери со САД и НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме.
Ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ во Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин.
Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе, оцени Николоски.