„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма платформа 1198 во која имаме бројни проекти кои ги допираат сите сфери во животот заради кои сте загрижени. Во оваа програма зборуваме за тоа како ќе го вратиме владеењето на правото, како ќе ја подобруваме економијата, како ќе ги стимулираме домашните инвеститори да инвестираат, како ќе носиме нови странски инвестиции. Исто така во оваа програма зборуваме и за најмладите и за пензионерите. Зборуваме како ќе го подобруваме здравството и образованието. Затоа прочитајте ја програмата таму се одговорите на многу ваши прашања“, истакна носителот на ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово.
Николоски истакна дека потребно е да се мобилизираме и заедно обединето да славиме на 8 мај.
„Основната причина зошто треба да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ е затоа што не смееме да дозволиме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде уценувана од било кого во Собранието. Не смееме да дозволиме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да не е комотна при носењето на законски решНИенија кои ќе го подобруваат вашиот живот. Не смееме да дозволиме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде уценувана во главниот проект а тоа е враќање на достоинството, на националното достоинство и враќање на темелите на македонската држава. Затоа ни треба масовна излезност“, дециден е Николоски.