Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да можат многу полесно да комуницираат, изјави вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

-Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше првпат правен, кога во поранешната држава практично генералот (Васко) Карангелевски го пробивал овој пат. Од тогаш до реконструкцијата не беше чепнат најголем дел од патот. Еве го сега завршен, реконструиран и како што кажав во можност да помогне на туристите и жителите полесно да комуницираат, нотираше во обраќањето вицепремиерот Александар Николоски.

Printscreen / Youtube / Влада

-Пред нас имаме уште големи проекти, оваа Влада е само 11 месеци. Влада која се соочи со огромни проблеми. Седум години имаше пустош во Македонија. Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект, потенцира Николоски.

Натаму додаде:

-Целосно застанат, имаше проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот, дали се однесуваа на лошо проектирање, но влеговме ги решивме проблемите, додаде во изјавата Николоски.