Денескаво Кочани започнавме со реализација три големи проекти во вредност од околу 3,5 милиони евра, кои што ќе значат многу за градот и за целата општина, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Драго ми е што денеска сме во Кочани за да започнеме три големи проекти кои што ќе значат многу за градот, за целата општина. Почнуваме со реализација на влезниот булевар кој што е некаде проценета вредност од околлу 2 милиони евра и очекуваме во наредната година и половина да биде завршен, понатака мост на кочанска мрека со вредност од некаде 350 илјади евра и она што долго време се очекуваше, проект кој што е започнат уште во 2013-тат година, довршување на водоводот со изведба на еден потисен цевковод кој што треба да овозможи циста вода за пиење за поголем дел од градот која што е во вредност од еден милион и 100 илјади евра, при што исто така очекувам да биде завршен, истакна НИколоски.

Николоски очекува овие три проекти, во соработка со општината да бидат завршени со предвидената динамика.