Министрите Радмила Шеќеринска и Никола Димитров бегаат од ТВ соочување и од вистината, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој преку Фејсбук запраша: Зошто бегаат од соочувања и дебата?

– Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата. Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку 5 телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска. Сите пропаднаа затоа што Шекеринска со разни одговори избегнуваше да се соочи со мене. Истото се однесува и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој гледам гостува само кајшто му е сигурно на нарачани прашања во таканаречени „пријателски медиуми“, објави на Фејсбук Николоски.

Тој натаму упатува прашања за Шеќеринска и Димитров:

– Пред крајот на кампањата во првиот круг на претседателските избори би сакал да ги прашам и Шекеринска и Димитров од што бегаат? Од вистина? Зoшто последен пат на ТВ дуел со мене се појавија пред референдумот за името кога и двајцата беа поразени? Се плашат ли дека немаат аргументи и немаат што да одговорат за срамната промена на името, за втора по ред година без датум за преговори со ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал, за назадувањето во сите сектори… Одговор ќе стигне побрзо од што очекуваат на 21 април и на 5 мај, порачува Николоски.