Граѓаните ќе го направат истото, а актуелниот градоначалник ќе добие уште еден мандат. Убеден сум дека ќе има убедлива победа, победа за продолжување на сите овие проекти, истакна денеска во Петровецова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Денеска сме тука на една изградба на улица во Катланово, но тоа не е единствена улица која се гради, се градат и уште многу, а бројни се граделе во минатото и ќе се гради во иднината. Затоа имаме посветен, чесен, одговорен градоначалник кој што ја знае работата и градоначалник кој се бори за себе како за дома. Неговото работење во општината покажа дека со визија може да се развие една општина и општината Петровец стана една главна општина во која се развива индустријата во Македонија. Најголем број од фабриките кои се градат во Македонија и од странските и од домашните се на територија на Петровец, вели Николоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека тој ќе освој нов мандат и дека ќе имаат мнозинство во Советот за непречено реализирање на проектите.