Ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка“ истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија.
-Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3.25%, што е историски најниска камата, појасни Николоски.
Министерот додаде дека тоа што е уште поважно а што го најави и претседателот на Владата Мицкоски е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.
-Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините“, Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ, истакна Николоски.
Во текот на гостувањето Николоски се осврна и на нападите од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.
-Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах, потенцираше Николоски.