Во два часот по полноќ пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се бори против обидот на Заев за спорен договор вреден 33 милиони евра, соопшти пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој во објавата на Фејсбук додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа:
Толку ли е голема злоупотребата што Заев сака во црни темници, во ниедно време, да се гласа во Собранието? Нема да дозволиме!- објави Николоски на својот профил на Фејсбук.